Во 2012 ќе има повеќе мобилни уреди од луѓе, вели Cisco

Според извештајот на Cisco во 2012 ќе забележиме огромен раст на мобилните уреди, а воедно и на сообраќајот со информации примени и пратени од мобилни телефони. Сообраќајот на информации од мобилни се зголемил повеќе од два пати од 2011 година.

Како што мобилните компјутери добиваат поголема моќ во однос на перформансите, и стануваат попристапни/поефтини за корисниците така ќе забележуваме се поголем раст и проширеност на мобилни уреди поврзани со интернет.

Едноставниот пристап до содржини на интернет преку мобилните направи, со кои можеме каде било и кога било да сурфаме, несомнено предизвикува поголема побарувачка на видео, аудио и текстуални содржини отколку кога сме заковани пред декстоп компјутерите. Десктоп компјутерите едноставно не се компатибилни со секојдневието на повеќето луѓе за да ги користат толку колку што ги користат мобилните уреди, кои нудат спонтаност во однос на тежината/преносливоста и софтверот што е дизајниран во духот на мобилната ера на интуитивен кориснички интерфејс.

Извештајот на Cisco во однос на видео содржините укажува дека една од најчестите активности на корисниците на мобилни уреди е гледање на интернет видео. Дури 52 отсто од целокупниот сообраќај се должи на видео содржини.

Користејки ги паметните телефони, наскоро над 100 милиони корисници ќе трошат 1 GB месечно на мобилни информации, а спекулацијата на Cisco за 2016 е дека целокупниот месечен сообраќај на паметни телефони ќе надмине 10 exabytes, со тоа што просечниот паметен телефон ќе генерира 2,6 GB информации месечно.

Растот на Cloud базираните апликациите заедно со поголемата конективност на новите генерации мобилни уреди ќе предизвика просечен корисник на мобилен уред од 8 GB, за време од две години да истроши повеќе информации одколку што има простор на неговиот уред.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии