Во 2007 година, NBC направил прилог за технологијата во 2017-та

Микро-чип под кожата, отклучување на врата од домот со отпечаток на прстот, препознавање на лица од страна на софтверот… се дел од претпоставките кои новинарите на NBC ги направиле во овој прилог од далечната 2007 година, за тоа каква ќе биде технологијата во 2017-та.

Реално, не биле далеку од вистината… микро-чип под кожата за полесна идентификација е доста актуелна тема која исто така наидува и на сериозен отпор од одредени групи, додека препознавање на лицата е нешто на кое веќе Facebook не навикна да го третираме комплетно “мејнстрим”, а Google Photos и Apple Photos само најдоа потрошувачка корист за технологијата која несомнено е доста развиена. Отклучување на врати со биометриски податоци е исто така присутна технологија, се уште не доволно применета, но затоа датабази на биометриски податоци се складираат дури и од производителите на мобилни уреди на големо, па 2017-та можеби навистина ќе не изненади со имплементација на биометриски податоци. Единствено нешто што им недостасува е вештачката интелигенција и автономните автомобили.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии