Внимавајте со фотографиите од Facebook и LinkedIn

Според истражувачите од компанијата Check Point, еден вид ransomware, познат под името Locky, злоупотребува одредени неправилности кои се пројавуваат во начинот на кој друштвените мрежи како Facebook и LinkedIn управуваат со фотографиите. Ransomware е сериозна закана за секој интернет корисник, во моментов јавниот превоз во Сан Франциско е под опсада на ransomware.

Ваквиот вид штеточина го принудува прелистувачот да преземе фотографија со малициозен код додека сте на друштвената мрежа. Со ваше отворање на фајлот, втората фаза е заклучување на пристапот до вашиот компјутер сѐ додека не платите одредена сума пари во биткоини. Додека тоа не се случи, вашите лични податоци остануваат во енкриптирана состојба.

Точно е дека не треба никако да отворате фајлови од сомнителна природа, но многу корисници не очекуваат истото нешто да се однесува и при користење на најпознатите друштвени мрежи.

Check Point се изјаснија дека ги имаат известено и Facebook и LinkedIn за ваквата злоупотреба уште од септември, но сѐ уште не им е јасно дали се имплементирани соодветни заштитни мерки.

Како и да е, веста е одличен потсетник дека не треба да се верува на сите неочекувани преземања, независно од каде мислиме дека потекнуваат.

За поголема свест и правилна поставеност за проблеми од ваков тип, секогаш внимавајте на следниве работи:

  • Правете бекап на вашите податоци, еден на облак (google drive), а друг на физички медиум (USB, DVD),
  • Избегнувајте кликнување на линкови и прикачени фајлови кои доаѓаат во форма на и-мејл и кои се прикажуваат дека се од друштвените мрежи,
  • Погрижете се безбедносниот софтвер секогаш да ги има имплементирано најновите надополнувања,
  • Во случај да се заклучи системот и да ви бараат да платите – не го правете тоа! Дури и да се работи за смешно ниска сума ризикувате да се изложите на уште поголеми финансиски проблеми и не можете да бидете сигурни дека и по извршената уплата ќе ви биде отклучен компјутерот или пак повторно да станете таргет.
  • Изработите план за ефикасна стратегија доколку најлошото се случи (формат, OS преинсталација и враќање на податоците од облакот или физичкиот медиум)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии