Внимателно кога купувате онлајн, новите алгоритми на Amazon ги препорачуваат производите со најголема заработка за компанијта

Најголемата дигитална продавница во светот Amazon, го промени алгоритамот и сега на местото на најрелевантните и најчесто купувани производи во резулатите од пребарувањата прикажува производи кои им носат најголема заработка. Промената во алгоритамот е направена иако дел од вработените се загрижени поради оваа промена, јави Wall Street Journal.

Набрзо дојде одговорот на Amazon кој негира дека направил промени со кои заработката е додадена како критериум:

„Wall Street Journal греши. Им објаснивме дека нивниот веста од неименуван извори не е точна, но сепак ја објавија приказната. Факт е дека во критериумите што ги користиме за да ги рангираме резултатите од пребарувањето не сме вклучиле профитабилност. Ги прикажуваме производите што клиентите ќе ги сакаат, без оглед дали тие се наши брендови или производи што ги нудат нашите партнери за продажба. Како и секоја продавница, ќе ја земеме предвид профитабилноста на производите што ги наведуваме и ги покажуваме на страницата, но таа е само една метрика и не е на кој било начин клучен податок за она што им го покажуваме на клиентите“.

Wall Street Journal всушност и не тврди дека профитабилноста е додадена како податок, туку дека профитабилноста е максимизирана преку останатите параметри кои се користат, а не е додадена во алгоритамот како параметар.

„Инженерите сега мора да размислуваат за уште еден податок зголемување на профитабилноста, велат луѓето кои работат на проектот. Променливите кои се додаваат во алгоритамот ќе бидат прокси за профитабилност, и ќе соодветствуваат со поголема заработка за Amazon, но набљудувач однадвор нема да може да го забележи ова“, пренесе WSJ.

Неодамна во САД Елизабет Ворен претстави план со кој сакаше да ги подели техничките компании на сервиси и корисници на тој сервис. Со ваквата промена, Amazon како најголема онлајн продавница ќе биде поделена на продавница на која се продаваат производи или услуги и продавач кој на продавницата ќе продава производи, но нема да има никакви привилегии. Неодамна федералната комисија за трговија започна истрага за евентуална злоупотреба на доминацијата која Amazon ја има на пазарот. Тврдењето на Wall Street Journal веројатно ќе биде една од точките кои тимовите на комисијата ќе ја разгледуваат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии