Внесете нова свежина во вашата Android околина со Apolo Launcher

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Во случај да ви здодеа едноличната, монотона околина на вашиот Android оперативен систем, би можеле да пробате да си инсталирате некој од таканаречените Launcher-и. Повеќето од нив навистина го менуваат стандардниот дизајн, но се бесплатни само на површината. Поради тоа, или често прикажуваат реклами, или пак бараат да посегнете по паричникот и да платите за дополнителни функции.

Apolo Launcher е бесплатен во секоја смисла на зборот. По неговата активација, настапува целосна измена на вашиот интерфејс. Дополнително, на располагање имате и корисни функции за 3D сервирање временски прогнози, како и паметни папки за групирање на вашите апликации. За поголема разноликост, имате и избор од над 350 000 позадини кои се протегаат низ 20 категории, како автомобили, уметност, дизајн, фудбал, и слично.

Во ниеден момент, нема безобразно да бидете бомбардирани од реклами или пак на барање да купите нешто „екстра“. Многумина корисници се исклучително задоволни од огромните можности за лични прилагодувања и брзата навигација.

Apolo Launcher е компатибилен како за вашите телефони, така и за вашите таблети. Со boost опцијата, можете да ослободувате непотребни податоци, да ја освежите работната меморија и многу повеќе.