Внесете корисни нови функции во YouTube со Enhancer for YouTube

За многумина, колку добри работи има YouTube, толку има и лоши. Поради тоа, често се прашуваме како некои работи можеме да би направиме да бидат подобри или, барем, онака како што нам највеќе би нѝ одговарале.

Enhancer for YouTube се чини како екстензија која би можела и те како да нѝ помогне.  Откако ќе ја инсталирате екстензијата за вашиот прелистувач, која е достапна за Chrome, Firefox, Opera, или Edge, вашата YouTube страна автоматски ќе биде подновена со долна лента од алатки. На располагање добивате осум опции: Remove ads (отстранува реклами), Cinema mode (кино режим), Resize player (ја менува големината на плеерот), Detach player (овозможува слика-во-слика), Boost volume (ја зголемува гласноста), Loop video (одново пушта едно исто видео), Speed (ја менува брзината на видеото со тркалцето од вашето глувче) и Options.

Нормално, имате уште слични алатки, а за да ги додадете и нив на лентата, потребно е да кликнете на Options. Од тука добивате целосен увид за сите алатки и брзи можности за нивна распределба, односно истакнување – таквото нешто го правите со штиклирање на алатката која сакате да стои на лентата. Подолу од истиот прозорец, можете да местите со која брзина да одат видеата, како и која да е големината на екранот и квалитетот на видеото. Опцијата која неверојатно највеќе би била ценета од бесплатните корисници на YouTube е таа со рекламите. Можете да местите автоматски да се отстрануваат рекламите, но и да ги ставате вашите омилени канали на белата листа. Со тоа, ќе бидете изложувани на реклами, а вашите омилени креатори нема да бидат лишени од заработката. Она што нам највеќе нѝ се допаѓа е тоа што има на располагање скоро 20 теми кои интересно ја трансформираат видео платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии