Внатрешна опасност

{mosimage}Минатата недела Microsoft предупреди дека поради загубените работи, има зголемен ризик на украдени податоци. Вчера Ponemon Institute објави анкета во која покажа дека дури 6 од 10 луѓе од вработените би украле или веќе украле податоци од компанијата за која работат ако добијат отказ или пак сакаат да го променат работното место.

60 отсто од испитаните американци во извештајот на Ponemon Institute, биле вработени кои имале пристап до податоци на компанијата било да се тоа извештаи за вработени, податоци за корисниците, финансиски извештаи и други тајни на компанијата.

Но, кој вработен во компанијaта има најголем пристап до податоците? Секретарката сигурно не. Систем администраторите, луѓето кои ги одржуваат компјутерите полни со податоци се огромна опасност доколку мотивот е одмазда. Еве неколку реални примери на „здивени“ систем администратори.

{mosimage}

  • Mарт, 2002 – 64-годишниот систем администратор Роџер Дуронио
    предизвика штета од 3 милиони долари на UBS Paine Webber со поставување на таканаречена „логична бомба“ што ги брише сите податоци на сите хост сервери и тогаш сите податоци од останатите разгранети сервери. Беа уништени 2.000 сервери поради тоа што Дуранио добил 32.000 долари бонус наместо ветените 50.000.

  • Април 2003 – Јунг-Хсун Лин, систем администратор на Medco, голема медицинска компанија, од страв дека ќе добие отказ тој поставил скрипта во серверите на компанијата која требало да ги избрише сите податоци, целата дата база на неговиот роденден следната година т.е април 2004. Лин не добил отказ но не ја избришал скриптата. По една година скриптата се активирала на неговиот роденден но поради грешка не ги избришала податоците. Но, Лин ја поправил грешката и ја ре-активирал скриптата овој пат за во 2005. Евентуално, вработените го откриле ова и Лин добил отказ и 30 месеци во затвор.
  • Април 2007 – Лони Чарлс Денисон, систем администратор кој ги изгаси дата центрите на California Independent System Operator Corp., компанија која работи со струја и замалку ќе дојдеше до тотално затемнување, но поради тоа што тоа го направил во неделата кога потребата за електрична енергија била најниска, затемнувањето не се случило. Мотивот е одмазда, откако шефовите му блокирале овластен пристап до дата центрите.
  • Jули, 2008 – Тери Чајлд, компјутерски инжинер и администратор кој самостојно водеше 60% од градската мрежа на Сан Франциско, САД во која беа податоци за платите и полицијата, кој одбиваше да ги предаде лозинките на властите. Беа потребни полицајци, судови и затвор за Чајлд кој накрај ги даде лозинките на градоначалникот на Сан Франциско. Ова го чинеше градот 1.45 милиони долари.
  • Октомври 2008 – Раџендрасин Бабубахјаи Маквана, отпуштен систем администратор на Fannie Mae, компанија спонзорирана од владата на САД која работи со недвижости. Маквани изреволтиран од отказот, постави скрипта која се активираше 3 месеци по отказот и ги замени сите податоци на 4.000 сервери со нули. Тој дури направил скриптата повторно да помине низ податоците за да провери да не испуштила некоја нула.
  • Ноември, 2008 – Виктор Савтирев, дваесет и девет годишен поранешен систем администратор на Third Avenue Mаnagement, САД, откако доби отказ ги уценуваше своите екс-шефови за повеќе пари, медицинско осигурување и добра препорака за друга работа. Тој претеше дека ќе им ги уништи компјутерските системи на компанијата. Беше уапсен и осуден за затворска казна.

Поука: бидете фини со систем администраторите и не го заборавајте 31 Јули.
Дополнително: Песна за систем администратори.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии