Внатре во кинески рудник на биткоини

Еден биткоин се уште има огромна вредност. Не зборуваме за вредноста од 200-те долари кои ќе ги добиете за еден биткоин, понекогаш повеќе или помалку зависи од постојаната промена; туку за иновативниот систем на крипто-валутата за безбедно и анонимно префрлување пари преку интернет. Иако некои држави веќе ги направија нелегални, вклучувајќи ја и Македонија, бидејќи биткоинот е децентрализирана валута за која никој не е одговорен освен корисниcите кои тргуваат, има многу други кои го употребуваат како начин на плаќање, и влијателни луѓе кои веруваат дека дигиталните валути се иднината.

Но, за да ги користиме биткоините некој првин треба да ги „ископа“. Motherboard на Verge успеа да добие ексклузивен влез во еден од поголемите рудници на биткоини во светот, кој е дел од мрежа на шест рудници што се одговорни за 3 отсто од целата биткоин мрежа. Рудникот е сместен во провинцијата Лионинг во Кина, и е воден од група на четворица таинствени луѓе „кои се дел од огромна операција на откопување на биткоините, и кои заедно генерираат 4.050 биткоини секој месец, или еквивалентно на 1,5 милиони долари“. Работниците живеат во топлиот и бучен рудник, кој не е ништо освен куп специјализирани машини што решаваат математички проблеми, се потешки и потешки како се доближуваме до лимитот од 24 милиони биткоини; и често си одат дома за само неколку дена во месецот.

[youtube]K8kua5B5K3I[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии