Внатре во Интернет архивата… (видео)

Internet Archive е обид да се дигитализира целокупното човечко знаење. Информациите се зачувани на над 10 петабајти простор во поранешната црква во Сан Франциско. Deepspeed Media сними документарен филм пред прославата на десеттиот петабајт, со кој ќе може да видиме како изгледа најобемниот архив.

„Се прашувате зошто не го спакуваме сето знаење и да го ставиме во некој сеф како би можеле да го гледаме по 70 години? … ваков архив би бил најлошо можно решение! Користењето на работите и нивното разгледување е она што ги прави дел од умственото споделување.“, вели основачот Брустер Кале во документарниот филм.

Архивата го зачувува и изгледот на веб страните низ историјата, па може да видите како изгледал интернет просторот, на пример на вашиот роденден пред пет години.

„Како да им ги дадете работите на корисниците на растојание и во било кое време? Пристапот предизвикува зачувување.“, вели г. Кале.

[youtube]ec_-fgy3EGY[/youtube]

1 коментар на “Внатре во Интернет архивата… (видео)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии