ВМРО и СДСМ не се дружат на Twitter

Двете партии преку своите профили @VMRO_DPMNE и @SDSMakedonija постојано објавуваат текстови преку кои пренесуваат пораки кон другата партија, но ниту еден од тие текстови не е тагиран. На Twitter постои @ oпција со која пораката се насочува кон соговорникот. Пример, ако твитнат „Здраво @VMRP_DPMNE и @SDSMakedonija” и двете партии ќе добијат известување дека сум им се обратил. Тоа е честа пракса на Twitter, така твитерџиите разговараат. Но не и двете партии.

Сигурно ако се допишуваат ќе си се разјаснат, и сигурно ќе биде интересна дискусија за следење, но…

Aко се разгледаат кого следат @VMRO_DPMNE следат 157 профили меѓу кои германски, европски и англиски и други весници и организации. Имаат 208 следбеници.

@SDSMakedonija следат 284 профили, од кои повеќето се лични профили покрај тие на медиуми и организации. Нив ги следат 296 луѓе.

Исто така интересно, двете партии следат и два различни профили на It.com.mk, ВМРО го следи @IT_info, СДСМ го следи @itcommk. :)

5 коментари на “ВМРО и СДСМ не се дружат на Twitter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии