Вметнете текст во вашите видеа со Subtitle Edit

Доколку имате видеа во кои би сакале да вметнете текст, како наслови, објаснувања, транскрипција или преводи можете да ги искористите предностите на Subtitle Edit и видео плеер како бесплатниот и надалеку популарниот VLC Player. За жал, Subtitle Edit не се испорачува со вграден видео плеер и затоа е неопходна комбинација со дополнителна, соодветна апликација, како претходно споменатиот VLC Player.

Видеото за кое сакате да вметнете текст преку Subtitle Edit се прикажува во две форми, како видео кое можете да го прегледувате (горна страна) и како визуелна репрезентација на аудиото кое се наоѓа во него (долна страна). Можете да одредувате каде да се прикажува текстот и со која големина. Штом завршите со сите активности, не заборавајте да го сочувате преводот за да нареден пат кога ќе го пуштите видеото ќе можете да го гледате истото со вклучен превод.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии