VLC наскоро ќе добие поддршка за видео стримање директно преку BitTorrent?

Група на ентузијасти нуди 10.000 долари за оној кој ќе развие добар код кој би можел од VideoLAN да го имплементираат во VLC, мултимедијалниот плеер со отворен, и да овозможи гледање на видео содржината директно преку торент датотеката.

Огласот во кој се бара фриленсер е објавен на Elance, а неговата задача би била да направи модул кој би се вметнал во VLC и ќе овозможи репродукција на било каква мултимедијална содржина на BitTorrent со минимално задоцнување. Секако, постои можност за buffering кој зависи од брзината на интернет врската, но времето на чекање да се процесира видеото треба да биде што е можно помало. Според Жан-Баптист Кепфа, еден од главните луѓе во VideoLAN, BitTorrent модулот е одлична идеја, но кодот ќе мора да се вклопи во целата архитектура на VLC и да функционира со сите вградени опции.

„Иако можеби веќе постои плеер со опција за видео стримање, сепак VLC со овој модул ќе биде вистински погодок, бидејќи не постои видео датотека која овој плеер не може да ја репродуцира“, смета тој.

Идејата за вакво нешто не е нова, но никогаш не бил развиен доволно добар код кој би функционирал беспрекорно со VLC мултимедијалниот плеер. Во моментот на огласот се имаат пријавено 8 луѓе, а за пријавување има уште 82 дена. Потребни се познавања од C++ програмскиот јазик.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии