Надополнето: VLC Media Player има критична безбедносна дупка

Надополнето: 25 јули @ 12:10 часот, 2019

Во меѓувреме, VideoLAN реши да ги засука ракавите и да ја искорити сета ограничувачка моќ на Твитер за да објасни дека нивниот плеер не е во ранлива состојба како што пренесуваат медиумите.

„За безбедносниот проблем“ за VLC: VLC не е во ранлива состојба, проблемот се однесува на libebml, проблематична библиотека од трети лица која беше исправена уште пред 16 месеци. Тврдењето на MITREcorp е неосновано.“

По сѐ изгледа, MITREcorp го темелеле нивното тврдење на застарена верзија на VLC. Доколку ја имате најновата верзија на овој плеер, односно 3.0.7.1. тогаш нема потреба од паника и бришење на апликацијата.


Со години, VLC Media Player е една од најдобрите алатки за репродукција на видео содржини. За жал, она што во моментот се препорачува за еден од омилените алатки на филмоманите е инстантна деинсталација.

Германската безбедносна агенција CERT-Bund пронајде загрижувачка безбедносна ранливост која, доколку се искористи од хакерите, може да ја изгубите контролата врз вашиот компјутер и, без ваше знаење, да се инсталираат, покренуваат и модифицираат најразлични работи низ оперативниот систем. CERT-Bund ја оцени критичната ранливост со 9.8 (10 е највисоката оценка на скалата). Критичната дупка е реална закана за сите оние кои имаат инсталирано VLC Media Player на сите Windows, Linux, и Unix оперативните системи, но не и на macOS верзиите.

Компанијата зад плеерот, VideoLAN работи на закрпа која ќе спречи сите понатамошни напори за RCE (Remote code execution) – тактиката која се користи од хакерите – но, според извештајот од Gizmodo, закрпата е само 60% комплетирана и ќе им треба уште време за дополнително усовршување. Она што се препорачува е инстантно бришење на апликацијата, барем се додека не излезе закрпа која ефикасно ги врзува рацете на хакерите.

Она што се препорачува е користење некои други алтернативни видео плеери. Techspot препорачува 28 алтернативи.

1 коментар на “Надополнето: VLC Media Player има критична безбедносна дупка

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии