Властите собираат повеќе податоци отколку што можат да анализираат

Куповите на податоци кои британската агенција MI5 ги собирала со Milkwhite програмата, наместо да им ја олесни работата, ги доведе шпионите до поголем ризик, јави Intercept. Податоците ги прибира британската агенција за контраразузнавање GCHQ и потоа го споделува со останатите агенции.

Опасноста лежи во немањето време да се анализираат сите податоци, што значи дека се пропушатни податоци кои биле клучни за шпионските операции. Предупредувањето доаѓа од владино истражување од 2009 година, за кое се дознава сега, главно благодарение на новите податоци кои ги сподели Едвард Сноуден. „MI5 самостојно или преку партнери собира многу повеќе податоци отколку што може да обработи. Поради ова постои ризик од неуспех на контра разузнавање, односно службата нема да може да пристапи до податоци кои можат да му го спасат животот“, се вели во извештајот.

Според документот, во рок од шест месеци се пресретнати 5 милиони комуникации со PRESTON програмата, но 97 отсто од тие комуникации не се анализирани, ниту прегледани од властите. Според податоците до кои дојде Intercept, постои случај на два исламски екстремисти кои убиле британски војник, кои биле следени и нивната комуникација била пресретната, но биле пропоуштени клучни податоци кои можеби ќе му го спасеа животот на војникот. Телефонски раговор со Ал-Каеда Јемен и имејл порака содржеле графички детали за намерата на терористите, но се чини дека властите ги испуштиле тие клучни податоци.

Од другата страна, борците за приватност се загрижени дека властите собираат претеран број на податоци, и поради опасноста од нарушување на приватноста на огромен број на корисници. Податоците се собираат без селекција, најверојатно од кабли кои минуваат под морето.

Деталите велат дек во период од 2009 до 2011 година се собирани податоци од апликации како WhatsApp и други социјални мрежи. Овие податоци потоа се споделувани со повеќе британски агенции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии