Владити се криви за сајбер шпионирањето, вели нов извештај

Дури 87 отсто од електронското шпионирање го прават владите, а на сајбер шпионажата отпаѓа 22 отсто од нападите, покажува извештајот на Verizon. Владите се виновни за 445 од 511 забележани инциденти, а дури 59 отсто доаѓаат од Кина или држави од Источна Азија. Втор најголем извозник на напади е Источна Европа со 21 отсто од регистрираните напади. Што се однесува за цели кои најчесто се напаѓани, очекувано САД е на врвот на приоритетите со 54 отсто од нападите наменети за нив.

„Јавниот сектор, професионалниот сектор и производсвото се почести цели на напад од останатите гранки. Голем дел од нападите доаѓаат помешу врските кои една компанија ги има со некоја друга. За некој овие организации можат да бидат вредни точки за агрегациа на податоци за следни напади и доверлив извор за вадење податоци низ неколку целни организации”.

Главна цел пак на нападите се веб апликациите, POS и се разбира сајбер шпионажата. Финансискиот сектор беше цел на 465 пробивање, јавниот сектор на 175, а продажбата е цел на напад во 148 инциденти за 2013. Во 2014 година се потврдени 1.367 пробивања на податоците, како и 63.437 безбедносни инциденти кои го доведоа во прашање интегритетот, доверливоста и неовластен пристап на информациите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии