Владините институции до Google побарале податоци за 7 корисници од Македонија

Google како дел од својата определба за транспарентност на секои шест месеци објавува податоци за барањата на државите за испорака на податоци на корисниците.

Очекувано бројот на податоци повторно е зголемен. Во периодот од јануари до јуни побарани се 44,943 податоци за корисниците. Најголем дел од САД 14.168, по што следат Германија (8.788) и Франција (4.300). Во 64 отсто од случаите Google доставил податоци на барањата.

За разлика од периодот на претходните шест месеци кога од Македонија не беа побарани податоци, овојпат се побарани податоци за 7 корисници. Сите податоци се од владини агенции, а вкупно за овие корисници се поднесени 13 барања. Google не одговори потврдно ниту на едно од овие барања – покажуваат податоците споделени на Transparency Report. Google ниту споделува, ниту смее да сподели податоци за овие профили.

Google ги презентираше и барањата за отстранување на содржини. Податоците се подетални, но за периодот на крајот на 2015.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии