Владата претстави нов портал за отворени податоци

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.МК

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски промовираше нов портал за отворени податоци. На data.gov.mk може да се најдат податочни сетови кои државните институции ги отвориле за јавноста.

Досега се објавени 111 сетови податоци од 42 институции. Дел од овие податоци се нови, но дел веќе биле достапни до јавноста. Податоците се достапни за сите. Владата секако се надева дека бизнис секторот и граѓаните со своите идеи и вештини на различни начини ќе ги комбинираат, анализираат и презентираат податоците од податочните сетови.

„Преку порталот за отворени податоци сакаме да ја подобриме испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Тој исто така овозможува да се зголеми учеството на граѓаните при креирањето политики и при анализа на испорачаните резултати. Со еден збор, преку порталот за отворени податоци ја носиме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво. Отворањето на податоците директно и позитивно ќе помогне и во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, дава можност за отворање и на нови бизниси“, вели г. Манчевски.

Ова не е прв портал за отворени податоци, претходно ги имавме opendata.gov.mk, па порталот мигрираше на otvorenipodatoci.gov.mk. Далеку поважно од промоцијата и првите сетови е одржувањето и ажурирањето на овие податоци. Во спротивно пак ќе мора да чекаме за следната најава за порталот за некој нов сет на податоци.

1 коментар на “Владата претстави нов портал за отворени податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии