Владата на Пакистан на својот Facebook Live активираше филтер со мачки

Поради човечка грешка претставниците дел од присутните на брифингот на министерот за информатика на Пакистан, Шукет Јусефзаи се претворија во мачки. Секако станува збор за филтер кој беше заборавен за време на преносот на брифингот на Facebook Live. Пропустот набрзина беше отстранет, но секако не пред доволно луѓе да го видат и да споделат скриншоти. Секако постовите на претставниците на власта како мачки се раширија набрзина, и насекаде.

Гледач на стримот ги забележа филтрите им напиша да ги исклучат. По ова филтерот набрзина беше исклучен, но филтерот остана вклучен уште неколку минути. Видеото беше отстрането, но секако дека ова не ги избриша сликите на „мачките“. Набрзо на Twitter се појави #BandaBilliBanaHuaHai (направена е лоша мачка).

Пропустот или грешката во официјално соопштение ја призна и владата на Пакистан, пренесе IndianExpress. Сепак се чини дека граѓаните се подготвени да простат вакви ненамерни и забавни пропусти. Секако ова е само мало потсетување дека интернетот е за мачки.

Еве дел од реакциите:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии