Визуелно освежување на Windows 10 со Cairo

Порано или подоцна, доаѓа време кога сте презаситени со моментниот изглед на Windows 10 и барате одредени промени. Многумина корисници, обично се презадоволни со едноставно менување на десктоп темата преку десек клик било каде на позадината и избирање personalize, па themes. Но, одредени корисници бараат потемелно освежување и целосна замена десктопот, така што се менува таканаречената desktop shell.

Во случај да се чувствувате авантуристички, би можеле да ја проверите раната верзија на Cairo.

Cairo забележително ќе го промени изгледот, а доколку не сте задоволни, лесно ќе можете да се вратите на стариот, добро-познат изглед така што ќе кликнете на Cairo копчето и ќе изберете Exit Cairo. Имајте во предвид, меѓутоа, дека апликацијата е во рана фаза на развивање и проблеми се можни. Поради тоа, откако ќе направите бекап на вашиот оперативен систем и податоци, преземете го Cairo и преку инсталационен фајл во 32-bit или 64-bit верзија (ова зависи од верзијата на оперативниот систем кој го имате инсталирано). По завршување на инсталацијата и кликнување на копчето finish, ќе забележите дека вашиот познат taskbar е заменет со лента со менија на горната страна и со лента со задачи која се вика док, а е во средината на долната страна. Изберете кои програми да се наоѓат во лентата со менија и кликнете Continue. Cairo ги става вашите програми во одредени категории, но имате целосна слобода да ги пополнувате онака како вие сакате. Префрлајте програми од една во друга категорија со едноставно влечење, а создавајте нови категори со кликнување на +. Ако вметнете програм во Quick Launch ќе можете лесно да му пристапите подоцна од док лентата. Клинете на Finish.

Cairo док-от работи на сличен начин како постарите верзии со Windows Taskbar и, во повеќето ситуации, ќе се чувствувате како дома со користењето. Од друга страна, лентата со менија, или Menu Bar е местото каде ги наоѓате вашите апликации, како и Places, односно лични фолдери, партиции од хард дискот, фолдерите за документи и преземени работи и слично.

Пријатна работа!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии