Спонзориран текст

Вивино Апликација: Вино во дигитален свет

Спонзорирано од Symphony Solutions

во Спонзорирани

Кој би рекол дека виното некогаш ќе стане и дигитално искуство?

Без разлика дали сакате да одмoрате играјќи тривиа игри со група пријатели или можеби сте повеќе за романтична вечера со специјална личност, правиот избор на вино дефинитивно игра голема улога. Целиот пакет на добро друштво и добра забава може да го добиете со апликацијата Вивино која ќе ви помогне да го направите правиот избор на вино. Со Вивино ја добивате целата база на податоци на дланка која ве води не само низ широкиот спектар на винa туку и прави сплет на вашето претходно искуство и преференци за полесен избор при вашата идна винска авантура.

Вивино пред една деценија беше само визија. Основачите Хеини Захариасен (Heini Zachariassen)  и Тхеис Сондергард (Theis Søndergaard)  во ниту еден поглед не биле експерти за вино. Напротив, Вивино се родила од едни обични луѓе за други. Сè започна и сè уште е место каде ентузијастите за вино се поврзуваат преку нивната заедничка љубов, виното. И покрај тоа што оние кои стојат зад компанијата не знаеле многу за виното, имале визија за една апликација која наскоро ќе прерасне во вистинско револуционерно откритие за виното ширум светот.

Вивино во центарот на вниманието

Голем дел од работата била завршена уште пред официјалното стартување на компанијата во 2010 година. Тимот развил вебсајт со основни функционалности преку кој корисниците можеле да прикачуваат фотографии од вино како и да пишуваат критики. Девелоперите во почетната фаза прикачиле 5.000 фотографии во базата на податоци за да го стартуваат вебсајтот, а воедно и да ги поттикнат корисниците на истиот; дури и започнале натпревар кој ќе објави повеќе фотографии да добие отвoрач за вино како победник. Вебсајтот брзо се издигнал и во 2014 година се здобил со 250.000 фотогрaфии од вино на ден прикачени од корисниците низ светот.

Вивино апликацијата е лансирана во 2011 година и веднаш привлекува внимание. Имајќи ја огромната база на податоци, никогаш не било полесно да се одбере шише вино додека пазарите во супермаркет. Апликацијата расте и се развива полека но сигурно. Секоја нова фотографија значела повеќе информации за виното кое претставувало личен избор на корисниците. Проширената база на податоци му овозможила на тимот девелопери да додаде нови функционалности и алатки, и на крај почнале со онлајн продажба во 14 земји.

Несомнено е дека Вивино апликацијата е вистинскиот избор од апликациите за вино. Прикажана во App Store, повеќекратно е избрана како апликација на денот или избор на уредникот. Како и овој ден на вљубените кога доби признание во 95 земји.

Симфони Солушнс влегува во игра

Во 2013 година Вивино апликација ја добива својата прва инвестиција, и по кратко размислување е одлучено да се направи тим во Лавов со тоа што Симфони Солушнс станува главниот партнер како компанија за развој.

Тимот девелопери на Симфони Солушнс работи на додавање нови карактеристики, како на пример бекенд и фронтенд, моделирање на база на податоци како и интеграција со нови сервиси. Паралелно, податочните пајплајни и процеси се поддржани со цел апликацијата да работи без застој, т.е. да биде од помош на  корисниците во секое време. Како што се развива апликацијата, така расте и потребата за подобрување на нејзините перформанси и брзина при враќање одговор. И, одеднаш доаѓа најраздвижениот период од годината како Божиќ и Нова година кога апликацијата се соочува со огромно оптоварување. Но, девелоперите работат на усовршување на истата со цел да работи беспрекорно и корисниците да не се соочат со никакви непријатности.

Девелоперите на Вивино посветено работат на висококвалитетни кодови, тестирање и усовршување на апликацијата опфаќајќи ги сите чекори на развојниот процес. На овој начин, корисниците на Вивино имаат шанса да уживаат со оваа одлична и функционална апликација.

Вивино тимот на Симфони Солушнс е со седиште во Лавов, Украина. Цврсто сплотени и со заедничка цел, тимот на Вивино напорно работи за да дојде до најдобрата апликација за вино што некогаш постоела.

*Source: Symphony Solutions

Најголемата заедница во светот

Вивино апликацијата е достапна на App Store и има над 45 милиони корисници ширум светот. Најголемиот дел од корисниците се во САД, со околу 9 милиони. Франција, Бразил и Италија се во трка за второто и третото место со 3,7, 3,4 и 3,3 милиони корисници следствено. Според статистиките, лесно е да се заклучи дека Вивино апликацијата е топло примена насекаде во светот, а најмногу во САД и Европа.

*Source: Symphony Solutions

Вивино апликацијата е достапна на 15 јазици и како се шири на пазарот во други земји така се додаваат и нови јазици.

Базата на податоци на Вивино содржи над 1470 видови на грозје, а најпопуларни се оние вина на  Каберне Совињон (Cabernet Sauvignon) , Шардоне (Chardonnay) и Пинот Ноир  (Pinot Noir) – сите со потекло од Франција. Апликацијата нуди неверојатен избор од 12 162 845 врсти на вино од 227 174 винарии во 3199 региони.  Домашните познавачи на виното од Вивино го имаат оценето скоро секое вино на кое што ќе ви текне од секое место во светот, освен можеби од Антарктикот.

Вивино Вајн Стајл награди

Вивино отвора цел свет на вкусни вина од економични до вртоглаво скапи. Без разлика дали имате вкус како Антонио Галони или како на петгодишно дете, Вивино е за сечиј вкус.

Она што ја прави уште подобра е што всушност корисниците се душата и движечката сила на апликацијата. На крајот на краиштата, станува збор за апликација за оценување, така што е за луѓето кои сакаат да кажат збор-два за нивните омилени вина, и да откријат нови брендови и вкусови.

Oд уста на уста, од 2016 година до ден денес, Вивино ги прославува најдобрите вина на годината со Вивино Вајн Стајл наградите. Десетте највисоко рангирани вина се избираат меѓу најуникатните стилови на вино сортирани според земјата на потекло, а некои од нив се Бордо Померил (Bordeaux Pomerol), Чилеан Кабернет Совињон (Chilean Cabernet Sauvignon), Тускан Ред (Tuscan Red), Уругвај Танат (Uruguay Tannat), Италиан Барбадеско (Italian Barbadesco), Аустриан Цвигелт (Austrian Zwigelt), и многу други.

Наградите Вивино Вајн Стајл ги презентираат најновите трендови на пазарот, изгласани единствено од луѓето. Едно вино треба да добие најмалку 50 прегледи годишно пред да се најде на листата, а тие што стигнале таму се буквално на врвот.

Вивино апликација: Како работи

И покрај големата популарност на Вивино, оваа апликација работи како социјалните мрежи. Корисниците може да се следат меѓусебно, да прикачуваат фотографии на нивните профили, да лајкуваат и коментираат – исто како Инстаграм, Фејсбук и многу други социјални онлајн платформи. Исто така може да лајкнете и коментирате на нечии други рејтинзи за вино, да додадете вино на вашата листа на желби или да споделите со вашите пријатели.

И, сте ја симнале апликацијата и сте направиле профил. Што е следно? Можете да го искористите пребарувачот на вино за да разгледате низ постоечката огромна база на податоци на вина или да изградите своја колекција употребувајќи скен за брендови. Фотографирајте ја ознаката на виното кое би сакале да го додадете на вашиот профил или дознајте повеќе за истото. Алатката за препознавање ја обработува ознаката и ја споредува со останатите фотографии во базата на податоци на Вивино. Откако ќе се совпадне, апликацијата ќе ви даде информација за виното: рејтинг, карактеристики на вкус, цена.

Базата на податоци каква што е сега, овозможува автоматско препознавање од 97.5% од скенираните ознаки. Остатокот од скеновите е во рацете на тимот за обработка на податоци кои рачно ги поврзуваат и ги додаваат вината во базата на податоци. На овој начин, околу 200-500 нови ознаки на вино се додаваат во базата секојдневно.

Вивино апликацијата може да ви даде идеја за какво вино сакате да си купите како и просечната цена во регионот. Просечните цени се збир од малопродажните објекти во регионот и од снабдувачите. Податоците редовно се ажурираат, за некои трговци двапати дневно, а вообичаено не подолго од три дена. Апликацијата ви ја покажува просечната цена од шише според собраните податоци.

Рангирање според Вивино

Вивино ги рангира вината на скала од 1 до 5 што е поразлично од традиционалниот систем на Роберт Паркер чија скала е од 1 до 100. Ова беше намерен избор со цел да се биде полесна за користење. Скала од 5 ѕвезди се користи за оценување хотели, ресторани, продавници.  Тоа е системот за оценување  што се користи онлајн за оценување деловни страници, мобилни апликации во продавницата за апликации, производи на веб страници за е-трговија. Сепак, кога станува збор за точноста на оценките, просечната оценка на корисникот е совршено усогласена со онаа на професионалните критичари. Просечниот рејтинг на Вивино е 3.6 ѕвезди. Сè над тоа значи дека виното е добро и рејтингот од 4 и повеќе ѕвезди е веќе исклучително добар.

*Source: Vivino

Вивино Пазар: Еден клик до нарачка

Во 2017 година беше лансиран Вивино пазарот и сега е поволност која ја уживаат земјите со најголема активност, додека тимот работи на додавање на повеќе локации. Овој дигитален пазар им овозможува на трговците и потрошувачите да се најдат едни со други. Надминувајќи ги само препораките за вино, во одредени земји Вивино сега им нуди на своите корисници да го одберат своето вино во апликацијата и да им биде доставено до нивниот дом.

Доколку ја разгледувате селекцијата на вина и забележите зелено копче веднаш до достапните вина, тогаш имате среќа што живеете во една од 14-те земји во кои работи Вивино пазарот. Само напред и кликнете на копчето! Имавте напорен ден – набавете си едно шише од Чианти (Chianti).

Посветениот тим на Вивино се грижи сите нарачки да ги поминат контролите за квалитет. За сето ова време, апликацијата им нуди неограничени можности на продавачите да таргетираат потрошувачи на одредени локации како и да откриваат нови можности на пазарот и да го развиваат својот бизнис како трговски партнери на Вивино.

Што е следно за Вивино?

И така, што може да е следно за најдобрата апликација за вино во очите на љубителите на виното ширум светот? Тимот на Вивино е полн со идеи и работи на поставување на нови карактеристики и функционалности водејќи се според корисничкиот ум.

Како што расте апликацијата, сè повеќе и повеќе луѓе стануваат дел од заедницата. Тимот на Вивино ќе работи на локализирање на најголемата публика правејќи го пазарот достапен во повеќе земји.

Една од најголемите поволности која е имплементирана во моментов е алатката кориснички преференци, која е делумно достапна за тестирање. Функцијата ви овозможува да креирате сопствен профил за вкус според вашите претходно оценети вина, набавки, па дури и прегледи на страници. Откако ќе се соберат доволно информации, функцијата ги анализира вашите преференци и создава профил на преференци. Се однесува на вкус, грозје, стил и тип. Потоа, вашите преференци се анализираат по регион и цена. Како резултат на оваа детална анализа, ќе добиете лична препорака во вашето сандаче за пораки и известувања. Зарем има подобар начин да дознаете кој е вашиот иден фаворит?

Ова е последниот тренд на многу компании преку кој остануваат непристрасни и ги оставаат корисниците да си донесат одлука на сметка на други фактори, наспроти објективните мислења на неколку случајни “критичари”. Сега сè се прави по мерка, од персонализирани производи и услуги до  персонализирани препораки во апликацијата.

Симфони Солушнс и Вивино неодамна ја прославија 7-годишнината од заедничката соработка. Симфони Солушнс помина седум прекрасни години со Вивино и се надева на уште седум во најмала рака.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Solutions. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии