Vivaldi – прелистувачот кој се прилагодува на вас, сега има подобрена верзија

Прелистувачот Vivaldi, особено најновата верзија, е исклучително солидна алтернатива на популарните интернет прелистувачи. Лансиран во февруари 2015 година, прелистувачот имаше за цел да понуди поприлагодлива алтернатива на Opera, но сега е и одличен избор за тие што се презаситени од бавната функционалност на Chrome или Firefox.

Прелистувањето преку Vivaldi е олеснето благодарение на опцијата tab stacking во кој бил агол на прозорецот, како и опцијата за повеќе прозорци во еден.

slika-1

Моментната верзијата, 1.4, оди еден чекот понапред и нуди 90 нови гестови со глувчето, опција да пребарувате кој било сајт од полето за адресата, а и подобра контрола врз приватноста.

Во поглед на останати прилагодувања, можете да ја менувате и местоположбата на одредени елементи како полето за пишување адреси или пак поставување на табовите на дното или од страна на прозорецот. За искажување на вашата индивидуалност имате на располагање бројни теми, а за сочувување на важни работи ја имате на располагање алатката notes, која, слично на таа во Microsoft Edge, ќе ви дозволи да копирате корисни текстови на посебен панел за забелешки, заедно со линк од сајтот, па дури и скриншот.

За крај, најновата верзија се одликува и со подобрена Quick Commands (F2) опција која ви дозволува да пребарувате отворени табови, но и омилени и претходно посетени страни како и опции на прелистувачот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии