Vivaldi е веб прелистувач за тие што сакаат целосна контрола врз Интернетот

Vivaldi е нов прелистувач чии крeатори сакаат да ги вратат карактеристиките на Opera 12. Прелистувачот е достапен за Linux, OS X и Windows, иако барем за сега е експериментален и во бета фаза.

Станува збор за прелестувач направен од таканаречените „power users“ за „power users“, вели Ars Technica. Се чини дека целна група на креаторите на прелистувачот се поранешните фанови на Opera кои не се задоволни од насоката во која се движи Opera сега. Главна цел на Vivaldi е да го рекреира прелистувачот како што беше Opera, вели Џон С. вон Тетчер, поранешен ко-основач на Opera, а сега директор на Vivaldi.

Интерфејсот на Vivaldi не се разликува премногу од конкурентите, а разликата е што целиот е изработен во веб технологија CSS, Javascript, React, Node.js, Browserify. Прелистувачот овозможува подредување на отворените табови во групи, нивно преместување, можност за неприкажување на сликите, промена на фонт на страната во monospace, постои можност за приказ на страните како црно бели, но и со зајакнати бои, па дури и во 3Д. Vivaldi има куп разни опции за персонализација, како табовите кои на пример можат да бидат горе, долу, лево или десно во прелистувачот, а аddress барот може да биде горе или долу во прозорецот.

На левата страна на прелистувачот се наоѓа помошна „лента“ на која се сместени неколку панели како букмаркс, нотес, е-пошта и слично. Notes овозможува фаќање прибелешки за страната, зачувување на скриншот и линк до страната. Сите овие податоци се чуваат во една „забелешка“, што може да се организираат во фолдери што би му овозможило на корисникот подобра организација на букмарковите, можеби во иднина би било можно споделување на овие забелешки, но барем за сега нема начин за ова. Во иднина би требало да биде достапна функционалност за преглед на електронската пошта, но ова сè уште не е завршена и достапна функција.

Засега Vivaldi е во тест фаза, но се обложува на персонализацијата. Можеви прелистувачот никогаш нема да има број на корисници како Chrome, Firefox, Safari, па дури и Internet Explorer, но без сомневање корисниците ќе можат да направат најмногу промени и прилагодувања токму на Vivaldi.

1 коментар на “Vivaldi е веб прелистувач за тие што сакаат целосна контрола врз Интернетот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии