Visual.ly ќе ви помогне да го претворите вашите Google Analytics извештаи во инфографици

Visual.ly, сервисот за креирање и собирање на инфографици, претстави алатка која ќе ви го олесни претставувањето на вашиот сајт пред потенцијалните клиенти. Сервисот објави алатка со која може да ги претворите статистиките од Google Analytics во убав инфографик само со неколку клика.

„Повеќе од 10 милиони корисници ги користат бесплатните Google Analytics за да ги следат активностите на својот веб сајт. Работат добро и ние ги користиме самите. Но, со нашето искуство во дизајнирање на визуелно искуство богато со податоци, знаевме дека може да бидат подобри.“, вели Visual.ly на својот блог.

Google Analytics инфографиците кои се креирани со алатката на Visual.ly нема да мора да ги креирате нон-стоп, туку тие ќе ви бидат доставувани секоја недела во вашиот имејл. Информациите кои ќе ги најдете на нив се основните: дневни посети, колку луѓе се враќаат на сајтот, колку луѓе имале интеракција со вашата содржина и колку е истата споделувана на друштвените мрежи. Kако што вели Visual.ly, овој инфографик не треба да го замени Google Analytics, туку само да ви заштеди на време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии