Eнтузијатите и љубителите на минијатури секоја година се собираат во Хамбург. Проектот на минијатурна железница започна во 2001, а идејата е да биде завршен до 2026. Мината година за најголемиот свет на минијатури, Miniatur Wunderland во Хамбур, Google креираше минијатурно Google Street Car возило.
Видеото е импресивно, но не доволно. Google Street Car возилото всушност е потполно функционално и креираше Street View за изложбата. Фотографиите не се сликани со возилото кое е копија на оригиналното, туку со она на сликата подолу. Зумираните слики ја покажуваат неверојатната посветеност на детали, и речиси реалистичен минијатурен свет.