Вистина е, NSA ги следи и мобилните телефони и кога не се користат

NSA дневно добива 5 милијарди локации на телефони низ целиот свет, следејќи ги конекциите кои телефоните ги прават со предавателите, дури и кога не го користите телефонот за разговор или пораки. Податоците секојдневно доаѓаат од стотици милиони преносни уреди кои понатаму Агенцијата за национална безбедност ги анализира, а оваа алатка носи огромно количество на информации за разузнавачите, известува Washington Post.

Аналитичарите можат да ги соберат овие податоци за каде се движела нивната мета низ целиот свет, и да ги споредат со податоците од телефоните кои се во негова близина. Следењето на овие сигнали и овозможува на агенцијата да следи повеќе корисници кои се наоѓаат во близината на осомничениот. Иако на NSA цел на следење не и се жителите на САД, „случајно“ голем број податоците доаѓаат и од овие телефони.

„Владата треба да го насочи следењето кон осомничените, а не да склопува огромни бази на податоци кои по својата природа го следат движењето на огромен број на невини луѓе“, вели American Civil Liberties.

Ова откритие повторно доаѓа од доверливите документи кои ги објави поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, а обемот на прислушувањето и надгледувањето како и алатките со кој се служи агенцијата се се поалaрмантни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии