Високите цени на Apple се најдобар показател за стагнација во компјутерската индустрија

Ограничениот напредок на хардверот е една од главните причини за недостатокот на нови модели, па во последно време Windows 10 е главна рекламна точка за најголем дел од продажбите на лаптоп компјутерите. Но, во сериозна потреба од подновување се и компјутерите на Apple. Дел од компјутерите кои ги продава Apple не се променети најмалку две години, а ова мора да престане веднаш, вели Verge.

Популарниот сајт за препораки за купување на Mac компјутери, Macrumors, поради застареноста за секој Mac има препорака да не се купува. Последната надградба на Retina MacBook Pro, на пример, е од пред 446 дена. Процесорите во овие компјутери се од 2012 година, а иако поновите процесори не нудат премногу подобрување во пресметковните карактеристики, сепак се енергетски поефикасни и батеријата на лаптопите би траела многу подолго без полнење.

Иако компанијата не работи премногу на надградба на десктоп и лаптоп компјутерите, Apple редовно ги надградува телефоните и таблет компјутерите, но таму напредокот на хардверот е многу побрз и позначаен. За разлика од ова Haswell процесорите во Mac Pro се со речиси идентични перформанси. Во Mac Book Apple користи Ivy Bridge Xeon процесори.

Можеби најголемите надградби на компјутерите можат да дојдат со новите графички картички, иако за жал Apple не се грижи премногу за графиката. Картичките во Mac Pro се базираат на AMD GCN 1.0, а со архитектурата Polaris би можеле да имаат забележително подобри резултати. За жал, Apple во OS X користи модифицирана верзија на OpenGL стара над шест години и засега нема најава за поддршка за Vulkan, вели Extremetech.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии