Виртуелно девојче помогна да се откријат над 1.000 педофили

Виртуелното девојче Sweetie, крирано за идентификација на веб предаторите досега помогна да се откријат над илјада интернет предатори. Скот Роберт Хансен од Бризбејн, Австралија, е првиот кој е осуден за педофилија, благодарение на виртуелниот лик.

Скот Роберт Хасен е осуден на двегодишна затворска казна, која по 260 дена досега поминати во притвор е условна, изјави портпаролката на Австралискиот суд, за AFP. Хансен беше обвинет по три обвиненија: испраќање на недолични фотографии, поседување на детска порнографија и прекршување на претходната пресуда. Ова не е негов прв престап и тој и досега е осудуван за педофилија. Хасен ги призна делата.

Sweetie е CGI-креирано девојче од Terre des Hommes, и е направено да наликува на 10-годишно девојче од Филипини. Досега во десет неделна операција 20.000 педофили и понудиле на Sweetie недолични предлози, а тимот на Terre des Hommes вели дека ниту еден не бил прво контактиран од нив. Од овие 20.000 досега се идентификувани 1.000. Целта на проектот е да се заштитат децата од се почестата детска порнографија и искористување на децата на Интернет.

Имињата на идентификуваните престапници, кои доаѓаат од 72 држави, се доставени до Интерпол, a oд таму се доставени до државите од каде потекнуваат педофилите. Terre des Hommes им доставила податоци за 46 жители на Австралија на властите од оваа држава. Британските власти пак добија податоци за 110 жители кои се обвинети за детска порнографија, јави BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии