Виртуелната реалност и натаму е скапа, Oculus Motion чини 210 долари

Oculus конечно ја објави цената на контролерот за виртуелна реалност и вестите се лоши. Oculus Motion ќе биде достапен за неколку месеци и ќе чини 210 долари.

Заедно со уредот контролерот Rift сега чини 810 долари, а со тоа по цената го достигна HTC Vive кој чини 800 долари. Сепак ова ќе помогне на корисниците на двата уреда сега да имаат слично искуство.

Она што можеби недостасува е голем наслов. Неколку видеоигри како Elite Dangerous, No Man’s Sky го ветуваа ова, и донекаде испорачуваат, а ветува и Star Citizen која доаѓа наскоро. Сепак она што недостасува е наслов кој ќе ги убеди корисниците дека некој од уредите прави навистина голема разлика и вреди за сумата.

Иако има цена, засега е непозната датата за излегување на контролерот. Од Oculus велат дека ќе биде во последното тримесечје на 2016, а најрано би можеле да започнат со испорака на крајот на октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии