Виртуелна и проширена реалност на буџет, Mi VR Standalone

Најверојатно најголемиот настан оваа недела, барем кога хардверот е во прашање и конференцијата на Xiaomi. Компанијата претстави куп импресивен хардвер, но најинтересен уред кој беше презентиран е Mi VR Standalone. Станува збор за поевтин уред за виртуелна реалност, уред кој сепак е доволно моќен за да може да работи без телефон или компјутер.

Mi VR Standalone е дело на соработката на Facebook и Xiaomi, поточно соработката е помеѓу Facebook Oculus дивизијата. Очилата доаѓаат со 2К (2560 x 1440) fast switch екран; 3,5 mm аудио џек и Snapdragon 821 процесор. Сепак колку и да е импресивен хардверот, ништо без содржина. За Mi VR Standalone веќе има 1.000 оптимизирани игри, објавија од компанијата. Ќе бидат достапни 2 верзии на уредот, една со 32 GB слободен простор која ќе се продава за 235 долари, и верзија со 64 GB слободен простор за 281 долари.

Ова е прв VR уред на Xiaomi, но најверојатно нема да биде и последен. Секако не станува збор за навистина моќен уред кој би претставувал конкуренција на Vive или Oculus за гејминг. Секако ако компанијата продолжи да ги развива очилата, во иднина би можеле да видиме и посериозни очила.

Друштвената мрежа е втора огромна компанија која го одбра кинескиот гигант за партнер. Претходно Google ги одбра за прв партнер на Android One, дело на оваа соработка е Xiaomi M1A1. Соработката на Facebook и Xiaomi на очилата најверојатно започна во јануари 2017 кога друштвената мрежа го постави Хуго Бара во одделот за развивање на виртуелна реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии