Видеото од двајца жители на Куманово – Албанец и Македонец – кои прегрнати објаснуваат дека терористичкиот напад не е поради меѓунационален конфликт е најпопуларното видео во Македонија досега. Интервјуто дадено за 24 вести, а споделено на Facebook профилот на новинарот Васко Маглешов за само еден ден е прегледано над 500.000 пати!, има 26.000 лајкови и над 17.000 споделувања. Прашањето можеби е дали оваа порака за соживот ќе беше прегледана од толку многу луѓе ако ги немаше друштвените мрежи, и ако беше оставено на македонските медиуми да ја пренесат? Но, тоа што е сигурно е дека повикот за соживот и рекордниот број на прегледи и поддршката од граѓаните, се единствената светла точка од нападите и најдобар одговор до сите кои повикуваат на насилство, и за среќа се во помал број.

„Јас живеам тука 40 години, и 40 години немам лош збор со Албанец и Македонец. Мило ми е што заедно ги сфативме манипулациите на политичарите“, вели храбриот Кумановец кој ги повика политичарите да работат со народот, да излезат со информации и да го решат проблемот.

(Ова е верзијата закачена на YouTube)

5 коментари на “Виралното видео на Кумановци ја победи етничката омраза

  1. Одлично е видеово, само жално е што се појави уште едно каде се исвиркува МВР при повлекувањето. Се надевам луѓето како дечкото од видеово се мнозинство (без разлика на етничка припадност).

  2. Абе како може да му се верува на овој? Како тоа тие ТЕРОРИСТИ таму се во диво насеље? Кој ги примил дома јас да не бев таму да им отворам да влагаат по куќите? тие терористи додека спремале сеово ова кој им помагал? Локалните мештани што сега глумаат дека ништо незнаат они покажуваат обединетост?

    И овие македонски души продадени кој не ја разбираат работата која албанскиот народ си ја тера цело време – тие се како кучња ќе те каснат кога тогаш во животот. Зашто македонскиот народ несвесно им дава можност на албаниците во Македонија да се протнат низ сето ова како да немаат вина? Па ти терористи албанци се од косово дојдени. Тие терористи со помош на овие што незнаат што чуваат стока донеле цел арсенал на оружје. Порака до македонскиот народ

    НЕ ПРОТЕСТИРАЈТЕ ПРОТИВ СВОЈАТА ДРЖВАВА И НЕ ПОТПАЃАЈТЕ ПОД АЛБАНСКОТО ОБЕДУНИУВАЊЕ!!!

    1. А бе смрдле, од таквите како тебе се наоѓаме во ваква ситуација. Не можете да сватите дека додека ние си вадиме очи едни на други(албанци, македонци, срби, турци) они подобро ќе си играат со нашите судбини.

      Запамти едно, нема лоши народи, туку има само лоши и добри луѓе од двете етникуми, и македонци и албанци и другите.

      Протестирањетото е демократско право на секој граѓанин во ова држава, протести нема само во диктаторските земји, ти ако сакаш во таква држава да живееш еве ги има во светот во еден мал број, пресели се таму, па крши глава после.

      Соживот во Македонија има и секогаш ќе има, соживот не сакат меѓу народот само политичарите, бидејќи знаете тоа поговорката: РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ!

      Поздрав до сите!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии