Brace yourselves: Vip и One се спојуваат во „нов ентитет“

Telekom Austria Group влезе во партнерство со Telekom Slovenije Group за да ги спојат македонските оператори, Vip и One. Aвстрискиот телеком ќе задржи 55 отсто од уделот, и со тоа ќе има контрола од новиот ентитет, додека останатит 45 отсто одат за словенечкиот телеком, се вели во соопштението.

Двата телекоми очекуваат да добијат одобрување од властите во почетокот на 2015-та година, со кое ќе заземат околу 51 отсто од македонскиот пазар за мобилни услуги. Но, One веќе нуди фиксен интернет и дигитална телевизија, а од неодамна Vip го купи и Blizoo за да го прошири своето портфолио на услуги.

Спојувањето за корисниците секако е изненадување, бидејќи One и Vip веќе седум години се лути ривали на македонскиот пазар. Но, за познавачите на индустријата, спојувањето на двата помали оперататори е логично. Faktor.mk пишува во одлична анализа дека двете компании го следат трендот во Европа кој е наметнат од намалените годишни приходи, што се карактеристични на европскиот пазар кој е воден од строги регулативи.

„За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на консолидација на пазарите… Овој тренд го потврдуваат бројни примери – во Холандија Т-Мобиле го презема Orange, со што на пазарот од 4 мобилни оператори сега оперираат 3 оператори. На уште поголемиот пазар во Велика Британија T-Mobile го презема Orange и од 5 станаа 4 оператори, додека со преземањето на E-plus од страна на О2 од 4 станаа 3 оператори. Македонија малку го чувствува тој тренд преку преземањето на кабелскиот оператор Blizoo од страна на Telekom Austria групацијата, сопствени на Vip оператор“, пишува Faktor.mk.

8 коментари на “Brace yourselves: Vip и One се спојуваат во „нов ентитет“

  1. Zarko ti nemas pojma izgleda…ako saka i "Sveti Telekom Austria" neka bide,jasna e politikata vo Duopol = kartel ceni.
    Jasno deka ke sledat ceni na Telekom i ke igraat so kolku sto moze povisoki ceni a sepak minimalno pod cenite na Telekomot.Nikoj ne e ulav da se otkazuva od pogolem kolac so cenite – a drugo e ako bidat 3 ili 4 operatori.Uvo ne gi boli za narodot.
    Istoto ke bese i so eden kup stranski investitori, koga vidoa deka nasite gazdi davaat po 9.000 den plata oni resija da davaat minimalno pogore 11-12.000.I kazi mi sea ti mene ? Neli ovie se stranci,germanci,britanci…ili sto i da e.
    Ne se lazi…uvo nikoj od strana ne go boli takvoto za nasiot narod!

  2. Abe ne tresi gluposti, pomina vremeto od monopolite. Samo T-Mobile i T-Home se monopol vo drzavava a ponudata im e mizerna a cenite astronomski. Telekom Austria e ova ne Turkmenistan..ke bide boom za nas i so eftini ceni i so usluga eve ke vidis

  3. Ако овие две фирми решиле да се спојат, владата мора веднаш да распише тендер за трет мобилен оператор. Затоа VIP и ја доби лиценцата да работи во Македонија, за да се зголеми конкурентноста. Инаку ќе се вратиме на ситуацијата што ја имавме кога беа само Телеком и Космофон. Дуопол со наштимани цени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии