Vip го претстави таблет компјутерот Dell Streak

Dell Streаk ќе чини 18.000 денари, односно 10.000 зависно од месечната претплата на договорите на 24 месеци, а месечно ќе има бесплатно 300 MB интернет, односно 2 GB (што може да биде малку за уред кој се користи за нон-стоп сурфање). Vip ќе наплаќа за дополнителниот интернет сообраќај.

Инаку што се однесува до хардверските перформанси, Dell Streak има 5 инчен мултитач екран со WVGA дисплеј, камера со висока резолуција од 5 мегапиксели, има и предна камера за видео разговори за кои има можност за поврзување со Wi-Fi, 3G и Bluetooth. Таблетот има 1GHz Qualcomm Snapdragon мобилен процесор, 512 рам и околу 16 GB простор, со можност за вметнување на надворешна microSD картичка до 32GB.

Dell Streak работи на Android оперативниот систем што значи и можност за над 100.000 апликации, а таблетот во себе има интегрирани апликации за друштвените Facebook, Twitter, YouTube и Flickr. Има и вградени мапи и GPS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии