По само три години од стартувањето во Македонија, Vip успеа да го претрка One во битката за мобилни претплатници и да стане вториот најголем оператор во земјава. Ова се открива во најновиот извештај за развој на пазарот во Q3 на Агенцијата за електронски комуникации.

Според активните претплатници, вкупно 2.2 милиони (види статистика подолу), Vip оператор има 24,30 отсто од претплатниците, додека One заостанува со 22,38 отсто. T-Mobile сè уште држи повеќе од половина од пазарот со 53,32 отсто.

Сепак, треба да се има в предвид дека One има голем удел и во фиксната телефонија. Всушност, тој е вториот најголем давател на фиксни услуги во Македонија, со 13,72 отсто, додека Македонски Телеком има значителни 72,10 отсто од вкупните 413.468 фиксни линии.

Статистика за телефонијата во .МК во третиот квартал

Во Македонија има 2.257.118 мобилни претплатници, од кои 1.444.888 се припејд претплатници, или околу 64 отсто од корисниците.

Вкупно се зборувани 870.360.911 минути, односно 525 милиони повици, од кои само 7.809.196 кон странство. Сите претплатници во третиот квартал испратиле 137 милиони SMS пораки, и само 186.523 MMS пораки.

Што се однесува до фиксната телефонија, во третиот квартал се направени 86.114.289 повици, или се разговарало 190.993.427 минути, од кои само 1.697.597 повици се кон странски држави.

7 коментари на “Vip го претрка One, стана вториот најголем мобилен оператор

  1. Моментално ОНЕ е најдобар мобилен оператор во МК, земајќи ги предвид цените и квалитетот на услугите кои ги нудат.

  2. Вип се тапа… услуги катастрофа, вртиш за подршка а тие ти спуштаат слушалка, во месецот по 2-3 писма со реклами и спам. Сакаш да раскинеш договор и да платиш пенали? едвај + ќе чекаш 1 месец. Претплатник си 10 дена и во 12 часот добиваш смс со уценувачка содржина "уплати 2000 денари денеска до 16часот или ќе бидеш исклучен од мрежата"
    Од која мрежа ??? па тие немаат мрежа :))))

  3. VIP колку саакат можат да претркаат…додека не си ја средат мрежата и квалитетот на сигналот, ништо не можат да направат !!!

    1. Така е. Лош квалитет, не даваат да користиш 3G со парите од претплатата него мора да активираш дополнителен пакет (надвор од претплатата нормално), те приморуваат да користиш EDGE кој им е далеку од пропишаните 473 Кбитс, аудио квалитетот е катастрофа (еве има прекини во шпајз кога ќе влезам ајвар да земам а живеам во градски ѕид во Скопје).

      Да ги средат овие работи многу корисници ќе мигрираат.

  4. One ќе се врати во четвртиот квартал, ако им се успешни кампањите со „Волку волку“, „Лајк лајк“ и бесплатните СМС.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии