Vip го објави Vipi – робот наменет за автоматизација на интерните процеси

Во насока на подобрување на процесите во компанијата како дел од тековна дигитална бизнис трансформација, а по повод одбележувањето на светскиот ден на телекомуникациите Vip денеска го претстави  “Vipi” –  првиот робот во Vip наменет за автоматизација на процесите.

Во соработка со хрватската ИТ компанија Infonomica имплементирана е алатка која има намена автоматско тестирање на новите продукти и услуги, како и технички тестирања при надградба на системите за бизнис поддршка и администрација на корисниците.  

Алатката ги подобрува и автоматизира репетитивните таскови и може да се искористи и поврзе со поголем број на веб и десктоп апликации со цел да се овозможи поголема прецизност при тестирањето, да се намалат трошоците и да се овозможи подобар квалитет на продуктот кога ќе се лансира во продукциска средина.

Како компанија која често воведува нови услуги и продукти што најчесто бараат надградби на апликациите и системите, целта на “Vipi” е автоматизација на процесите кои досега се работеле или сѐ уште се работат рачно, со што се намалува просторот за човечка грешка. Честите надградби на апликациите дополнително ја зголемуваат важноста на тестирањето за прием на истите, со цел да се избегне новите функционалности да бидат извор на нестабилност на системите, а воедно и на продуктите кои Vip ги нуди кон крајните корисници.

Тестирањето на комплексните системи бара да се предвидат и извршат голем број на тест сценарија пред продукциско објавување на продуктот, особено кога станува збор за промена или новост која афектира поголем број на комбинации од продукти и услуги со разни бизнис правила. Со користењето на “Vipi” се скратува времето на тестирање, а во исто време се обезбедува многу поголема сигурност во квалитетот на продуктите/услугите кои што се нудат на пазарот и за крајните корисници.

Како изгледа базичната верзија на iSTF Robot продуктот на Infonomica

Алатката на Infonomica работи со два податочни извори во реално време – MS Excel и таргетирана апликациска веб страна. Засебните страни како инпут во Excel фајл содржат податоци за одредена апликациска страна инволвирана во бизнис процес, додека колоните се однесуваат на одредени апликациски полиња кои треба да бидат пополнети. Со ваквата структура, операторот може визуелно да ги поврзе податоците од Excel со инпут полињата на одредена веб страна, а алтернативно таргетираните апликациски веб страни можат да бидат искористени како извор на податоци кои ќе овозможат автоматско извршување на процесот. Базичната алатка на Infonomica iSTF Robot овозможува и додатни плагини и компоненти за подобро автоматско тестирање, како на пример директно поврзување со датабаза, добивање и обработка на информации преку веб сервис и сл. Точната имплементација на оваа алатка во процесите на Vip не е официјално објавена.

Пример од iSTF Robot решението на Infonomica

 

“Со ова, Vip ja покажува својата посветеност кон напредно имплементирање на дигиталниот начин на работење најпрво во рамките на компанијата сѐ со цел да го зајакне дигиталниот живот на корисниците. Во таа насока Вип ја продолжува соработката со јавниот сектор и start up компаниите што придонесува за реално живеење на дигиталната трансформација за што забрзано работи на инвестициите во инфраструктурата, новите технологии како и дигитализацијата и иновациите. Со инвестиции од над 35 милиони евра во изградба на нова мрежа Вип обезбедува мрежа од следната генерација и продолжува да ги истражува новите дигитални технологии за да најде најдобар начин да понуди пофлексибилни и таргетирани дигитални услуги на своите корисници.” – известуваат од страна на компанијата.


Disclaimer: оне.Вип е клиент на IWM Network, компанијата која управува со IT.mk. Овие соработки не влијаат на никаков начин врз уредувачката политика на IT.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии