Vip ги донесе првиот Nokia WP7 телефон и првиот Android Ice Cream Sandwich уред

Vip го донесе во Македонија првиот телефон од Nokia кој ќе работи на Windows Phone 7 Mango платформата. Nokia ја прифати WP7 платформата како основна за своите уреди, заменувајќи го Symbian, по договорот со Microsoft од пред една година.

Nokia го претстaви Lumia 800 во ноември 2011-та, и до сега продаде над еден милион вакви уреди. Телефонот доби интересни реценции, колку позитивни оценки, толку и критики. Според Engadget, уредот е „софистициран и способен“, но дали е правиот телефон за вас ќе зависи од тоа дали сте фан на Windows Phone платформата. Една од позитивните работи која треба да се земе во обзир со овој прв WP7 Mango уред е што Nokia и Microsoft се во тесна соработка и градат уреди кои се компатибилни и на софтверски план и според хардверските перформанси.

Lumia 800 има 3,7-инчен AMOLED екран на допир со резолуција од 480×800 пиксели, 8 мегапиксели камера со Cаrl Zеiss оптика и автоматски фокус, поддршка за HD видео од 720p со 30 фрејмови во секунда. Работи на 1,4 GHz Scorpion процесор и 512 MB RAM, и има 16 GB простор.

Зависно од тарифите, ќе ве чини од 18.000 до 29.000 денари.

[youtube]rdMoRhfd1Sk[/youtube]

Најновиот Google телефон сега и во Македонија

Заедно со Lumia 800, Vip во скоро ист ден на својот сајт го објави и најновиот Google Nexus телефон кој е направен во соработка со Samsung.

Samsung Galaxy Nexus работи на најновата Android 4.0 платформа, или попозната како Ice Cream Sandwich. Со неа Google ќе се обиде да ја намали фрагментацијата на Android пазарот, и да ги соедини сите уреди, и паметни телефони и таблет компјутер, да работат под една платформа. Google го претстави Nexus и Android 4.0 во октомври 2011-та година.

PC World го оценува уредот со 4,5 од можни 5 главно поради можностите на Ice Cream Sandwich. Што се однесува до спецификациите, Galaxy Nexus има 4,6-инчен AMOLED екран, 5 мегапиксели камера, 1,3 мегапиксели предна камера, 1,2 GHz dual-core процесор, 1 GB RAM и простор од 32 GB.

Tелефонот е само објавен на сајтот на Vip, но сè уште го нема во продажба. Чини oд 13.000 до 30.000 денари зависно од тарифите.

[youtube]CdD8s0jFJYo[/youtube]

2 коментари на “Vip ги донесе првиот Nokia WP7 телефон и првиот Android Ice Cream Sandwich уред

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии