Виолинистка заработува 6 мил. долари од YouTube, но таа е само четврта меѓу најбогатите YouTube ѕвезди

Линдзи Стирлинг е музичар, виолинист која е вљубеник во фантастични приказни. Но, она што ја прави различна од колегите е што таа успева без издавач, благодарение на YouTube, да заработи 6 милиони долари годишно. Музиката од Wild Wild West, Dragon Age, Lord of the Rings, Game of Thrones, Skyrim се само дел од содржините која Линдзи ги има на својот канал. Вообичаено кога YouTube е во прашање, презентацијата има огромна улога во успехот, а нејзините видеа се навистина одлични. Интересно е што издавачите всушност сакаат да ја придобијат за своите компании, но Линдзи е сосем задоволна од својата кариера и без поддршка од индустријата, и тоа е сосема разбирливо бидејќи таа се наоѓа на четврто место по заработката од YouTube.

Првото место на листата на луѓе кои најдобро заработуваат од платформата, без изненадување е резервирано за Феликс Кјелберг, попознат како PewDiePie кој има речиси 40 милиони приврзаници. Феликс е познат по својот откачен начин на презентации на видеоигри, што му носи заработка од 12 милиони долари само од YouTube. На листата освен PewDiePie до гејминг каналите е присутен и KSI кој заработи 4,5 милиони долари. Авторите на комичните канали – Smosh, Јан Хекокс и Антони Падила и FineBrothers Бени и Рафи Фајн, заработија 8,5 милиони од своите YouTube канали. Rhett & Link, односно Рет Меклафлин и Чарлс Линколн Нил 3 заработија 4,5 милиони од YouTube и од спонзорства.

Листата врз база на податоци од Nielsen, ја презенитра Forbes, а презентираната заработка е пред даночењето и без да се земат предвид потрошените средства за видеата.

1 коментар на “Виолинистка заработува 6 мил. долари од YouTube, но таа е само четврта меѓу најбогатите YouTube ѕвезди

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии