Vine сака да биде YouTube за видеa од шест секунди

Vine, мобилниот сервис на Twitter за споделување на кратки видеа од шест секунди, стартува нови функционалности на својата веб верзија. На веб можевте да ги прегледувате само стримот со содржина, а сега се додадени нови функционалности за пребарување преку Explore опцијата и откривање на нови видеа, кои сега може да се прегледаат од сите, без потреба да се логираат.

Покрај најновите кориснички видеа, Vine на веб ќе прикажува и одберени популарни видеа, како што го прави тоа YouTube, Vimeo и другите видео сервиси, со цел да ги заинтересира корисниците и да ги мотивира да прават конкурента и популарна содржина. Ќе има тагови, канали и популарни страни кои што се присутни и на мобилната апликација.

За жал, околу 20-те милиони корисници на Vine сè уште не можат да закачуваат видеа преку веб. Ова можеби нема да се смени бидејќи Vine и Twitter целат кон тоа да бидат ексклузивен сервис за мобилните корисници. Всушност и со право, бидејќи преку мобилните кои може да ги носите било каде, може многу полесно да се закачат видеа, отколку да ги префрлувате од компјутер па на веб.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии