Vine претстави две нови опции за уредување на видеата: Sessions и Time Travel

Популарниот видео сервис, Vine, кој брои повеќе од 40 милиони корисници, иако во споредба со Instagram нуди само 6 секунди (Instagram дозволува снимање на видеа со времетраење од 15 секунди), денес ги претстави своите нови опции со кои сака да се издвои од својот конкурент. Имено, од Vine претставија две нови опции за уредување на видеата: Sessions и Time Travel.

Со првата опција, корисниците ќе имаат можност да работат со најмногу 10 исечоци кои ќе може подоцна да ги вметнат во своите видео креации. Додека втората опција, како што кажува и самото име, овозможува уредување на веќе постоечки видеа. При уредувањето на старите видеа, креаторот ќе ја има целосната контрола, исто како да го снима видеото во моментот, па така ќе може да се бришат, разместуваат и додаваат нови кадри.

Промените се веќе достапни и корисниците може да ја надградат апликацијата на своите Android и/или iOS уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии