Vine доби нова камера и опција да импортирате и едитирате видеа

Апликацијата на Twitter за споделување на шест секундни видеа, Vine, сега дозволува и обработка на видеата. Освен видеото снимено со телефонот, ќе добијат и можност за импортирање на веќе снимено видео, објави Vine на својот блог. Промените ќе овозможат поголема слобода на корисниците и ќе и додадат на апликацијата повеќе можности за креирање на видео, кои секако и беа потребни. Функциите кој се достапни за уредување на видеата се „дупликат“, „отстранување на звук“, „преглед“ и „откажување на промени“.
Промените најпрво пристигнаа за iOS, а од Vine најавуваат дека наскоро ќе биде надградена и Android апликацијата.

Заедно со промените во апликацијата Vine излезе и со бројки за бројот на видеа кои се прегледуваат. Компанијата вели дека над 100 милиони луѓе секојдневно го користат сервисот, без разлика дали станува за апликациите, сајтот Vine.co или видеа споделени на друштвените мрежи. Бројот на прегледани видеа секој ден е веќе поголем од една милијарда, а со оглед на тоа дека бројот на корисници постојано расте, во август за прв пат достигнаа 40 милиони корисници, очекувањата се овие бројки да продолжат да растат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии