Винаријата Камник и студиото Lux сега може да се разгледаат преку Google Business View

Кратко откако Македонија беше прикажана на Google Street View, се појавија и првите локални бизниси кои се презентираат пред светот со виртуелни тури преку Google Business View. Винаријата Камник и студиото за ентериер и осветлување Lux се првите бизниси во Македонија кои се појавија на Google Business View, односно верзија на Street View која ја прикажува внатрешноста на бизнисите преку интерактивна мапа. За разлика oд фотографии на Street View кои се прават со камера од 360 степени закачени на возило или велосипед што се вози наоколу; за бизнис верзијата треба да се нарача професионален фотограф кој ќе го фотографира објектот и неговиот интериер.

Како што Street View е важен за туристите и сите други кои сакаат да истражат нови локации, така и Business View е важен за бизнисите да се претстават пред светот. Предноста на сервисот е што нуди виртуелна тура на објектот, така во случајот на винаријата Камник ќе може со неколку клика да се прошетате низ нивното лозје или винарскиот подрум и да одлучите дали сакате да ги посетите и доживеете тоа искуство и во офлајн светот. „Сега имаме и можност на љубителите на вино од било кој дел на светот да им ги претставиме винаријата и лозјата на еден динамичен начин со виртуелна прошетка, и да им овозможиме да ја почувствуваат енергијата со која го обликуваме брендот Камник вина”, изјавија од винаријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии