Vimeo ја редизајнираше својата iOS апликација со Swift

Vimeo има преработена, потполно нова апликација за iOS, која е изработена во Swift. Освен програмскиот јазик променет е и дизајнот на апликацијатa, па сега е со нови алатки кои овозможуваат малку почиста навигација и поедноставно користење. Содржините кои ги избираат луѓе остануваат, но разгледувањето по категории сега е поедноставно.

Најголем новитет е новиот плеер за репродукција на видео кој овозможува HD и 4К стрим, а овозможено е и гледање слика во слика, иако ова најверојатно е пред сѐ наменето за iPad, а не за iPhone. Променето е поставувањетo на видео, па сега корисникот може да ги заштити со лозинка и да ги сподели единствено со пријателите или луѓето кои ги следи.

Дел од овие функционалности досега беа достапни на десктоп апликацијата, но не и на мобилните верзии. Засега е надградена единствено мобилната iOS апликација, најверојатно наскоро овие промени ќе пристигнат и на Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии