Вилјам Алсуп – судијата кој знае Java, носи пресуди за најголемите спорови од Силиконската Долина

Дејан Соколоски

во Свет

Вилјам Алсуп е судијата на кој му беше доделен судскиот спор помеѓу Oracle и Google, во кој се одлучуваше иднината на Android.

Пред почетокот на спорот, г. Алсуп немаше никакво познавање од Java, иако знаеше да програмира. Сепак за потребите на спорот судијата научи и Java. Иако и самиот признава дека не знае Java премногу добро. Сепак знае да кодира доволно, за да креира игра која ќе игра бриџ со неговота сопруга, вели Verge.

„Не знаев ништо за Java пред почетокот на ова судење. Сепак и претходно, и сега програмирав во други јазици. Сум пишувал блокови код како rangeCheck стотици пати и повеќе. Можам да напишам. Можете и вие. Толку е едноставно“, вели г. Алсуп.

Сепак да биде ситуацијата уште поинтересна, истиот судија, г. Алсуп е задолжен за одлучување и на спорот помеѓу Waymo и Uber. Waymo, компанија која излезе од Google, го тужи Uber дека вработиле поранешен вработен во компанијата кој ги украдал плановите за автономни возила.

Судијата Алсуп, неодамна имаше интервју за Verge. Тој откри дека не е премногу заинтересиран за технологијата. Користи телефон и компјутер кој му ги доделил судат. Во моментов тоа е iPhone, иако нема проблем да го замени со Android, ако така одлучи судот.

Она што најмногу го одликува судијата, е неговата работа.Тој започнува да работи исклучително рано, во 7 изутрина. Во овој период мора да бидат присутни и странките во спорот и поротата. За да го задржи вниманието на поротата, ја држи судницата поладна. Колку ништо не остава на случајот, можеби најдобро се гледа по тоа што за случај на кашлица кај некој од поротниците, носи бонбони против кашлица, токму за вакви прилики.

Сепак најголемите проблеми остануваат во судницата. Најголем дел од проблемите за интелектуалната соптвеност, кога се однесуваат на софтвер, се тешки за надминување.

„Инелектуалната сопственост треба да покрива креативни дела, не нешто што е функционално или корисно. Затоа функционалните елементи на сè, од модели до сметководителски книги, не може да се патентираат“.

Но, најголемиот проблем во судницата е тежината да им се објаснат проблемите на поротниците кои не се технички потковани. Поротниците кои не кодираат не ги разбираат проблемите со кодирањето, па дури имаат и проблеми со термините.

Oracle и Google продолжуваат да се „влечат“ по судови. Двете компании се во речиси постојан судски спор од 2012 година.

Г. Алсуп го започнал своето образование како инженер, а дури потоа се премислил. Сепак, ова му овозможува подобар преглед во најверојатно најинтересниот случај оваа година. Waymo против Uber може да го запре напредокот на автономните возила пред да започне.

Но, тој се обидува посликовито ова да и го претстави и на јавноста. Во овој спор тој побара од медиумите да внимаваат чив адвокат ќе ги отстрани кандидатите за поротници кои имаат технички познавања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии