Википедија на македонски јазик сега има над 40.000 текстови

„Секако дека 40.000 статии се задоволителна бројка, иако секогаш се може повеќе. Односот на бројот на говорници на нашиот јазик и бројот на статии и активни уредувачи дефинитивно не сместува во групацијата на релативно успешни Википедии.“ вели Слободан Јаќоски, еден од администраторите на Википедија на македонски јазик

Според статистиката околу 600 волонтери придонесуваат во збогатување на енциклопедијата со содржина на македонски јазик.

„Од тоа, имаме околу 10% активни корисници на месечна основа, меѓутоа најголем дел од работата ја завршуваат групата на “многу активни корисници” – околу 5-10 уредници. Ова е група со силен ентузијазам и желба за подобрување на Википедија. Често велам дека доколку само микроскопски дел од овој вики-ентузијазам се пренесеше на импозантните 700.000 македонски корисници на Facebook, сега Википедија ќе беше неколкукратно побогата.“ вели Слободан.

Енциклопедијата пред некој ден доби и нов изглед. Тој изглед се уште не е имплементиран во Википедија на македонски јазик, но ќе се појави откако ќе се средат недостатоците.

„Новиот дизајн е интересно освежување, иако мене како долгогодишен секојдневен корисник на Википедија ќе ми треба извесно време да се навикнам. Инаку, новиот дизајн за регистрираните корисници на Википедија на македонски јазик е веќе повеќе време достапен во бета-верзија (врската се наоѓа во горниот дел од страната). За негова целосна имплементација, најпрвин ќе почекаме некое време да се испеглаат некои недостатоци.“

2 коментари на “Википедија на македонски јазик сега има над 40.000 текстови

  1. За поздравување се напорите на уредниците на македонската Википедија да останат над дневно-политичките интереси.
    Од тоа што сум го прочитал, тие навистина се трудат да останат реални, историски точни и непоколебливи.

  2. 117K*30den > 3M poseti/mesecno,
    interesna rabota, ako 5-10 ludje ja sozdale makedonskata vikipedija, toa znaci deka ovie ludje se mnogu vlijatelni, bidejci na nekoj nacin go oblikuvaat javnoto mislenje.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии