Викинзите на Tхе Мичо, македонски артист кој нацрта нова игра со карти

Shipwrights of the North Sea е нова игра со карти од Шем Филипс, иако таа ни е поинтересна бидејќи е прва игра од ваков тип што е нацртана од Македонец, односно од Михајло Димитриевски. Доколку името не ви е познато, тогаш неговиот псевдоним Тхе Мичо секако ќе го препознаете бидејќи до сега зад него има куп проекти од кои најверојатно најпопуларен е Еднооки.

„Соработката дојде стандардно преку Интернет, или во конкретниов случај газдата Шем манал лајк на мојата страна, му се допаднала, па ми прати имејл за соработка. Му ги кажав моите услови и почнавме. Неговата првична идеа беше илустрациите да бидат покарикирани ама продолживме како што му предложив и убаво испадна. Сега работам на вториот дел, а потоа нормално на третиот :)“, вели Тхе Мичо

Shipwrights of the North Sea е игра со карти наменета за до пет играчи, чија приказна се одвива во почетоците на ерата на Викинзите, околу 900-та година н.е. Бродовите на викинзите се насукани на остров, а играчите мора да се натпреваруваат да ја направат најмоќната флота во Северното Море. Како што очекувате островот е преполн со куп карактери, од лош-полош.

Играта стартуваше како проект на Kickstarter, каде преку краудфандинг собра над 55.000 долари од 1.301 поддржувач. Веќе се пуштени првите копии до најдобрите поддржувачи, а играта ја има и во Македонија. Краток „unboxing“ можете да видите на GG.mk S01E12.

Како зависник од игри со карти, редовен следач на вакви натпревари и форуми, можам да потврдам дека доколку илустрациите се навистина добри, тогаш играта ќе го привлече вниманието. Со оглед на тоа што изработката на игра со карти е реткост во Македонија, моравме да го контактираме да ги сподели своите искуства, можеби и да поттикне поголем интерес во овие игри.

„Не е воопшто тешко да се работи на игри со карти… Најголем проблем со кој се соочувам се роковите т.е. времето коe потребно да се изработат илустрациите… Некогаш не сум презадоволен од тоа како испаднале, па некои ги преправам, ама сето тоа во рамките на претходно зацртаниот квалитет. Работа како работа кога се мора не е тешко… Од друга страна го правам тоа што најмногу го сакам – да цртам, така да воопшто не ми е тешко.

Плус викинзи! Знаеш некој што има покул работа од мојата? :))“

Тхе Мичо вели дека нема никаков проблем ни со тоа што неговиот клиент е стотици километри одалечен се додека „сме на иста бранова должина“. Потребно е секако да се знае за што се креира, така за картите се обрнува внимание на димензиите. Картите се во мал формат, па нема потреба да се претерува во детали. Сценариото на играта, описот и корекциите ги добива веднаш, а му се допаднало е што плаќањето секогаш било професионално.

За крај го прашавме Тхе Мичо и за негово мислење за што е поважно графиката или таа мора да биде во функција на естетиката на видеоигрите?

„Нормално дека треба да е во функција на естетиката… Џабе амбалажа ако играта е срање“.

2 коментари на “Викинзите на Tхе Мичо, македонски артист кој нацрта нова игра со карти

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии