Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE

Во моментот кога е потпишан меморандумот за овој проект на Министерството за информатичко општество, а тоа е крајот на 2009 година, Википедија на македонски јазик имаше околу 35.000, а не 16.000 статии. Овие статии се создадени од македонската вики-заедница, која ја сочинуваат повеќемина доброволци кои секојдневно не само што додаваат нови содржини, туку и ги подобруваат постоечките, како квантитативно, така и квалитативно. Можеме слободно да кажеме дека и по потпишувањето на меморандумот, оваа заедница која макотрпно и несебично се залага за развојот на Википедија на македонски јазик, е заслужна за најголемиот број на нови статии до денешниот датум (вкупно над 45.000). Помал дел од статиите се резултат на самоиницијативниот ангажман на повеќе професори и асистенти од државните и приватните високообразовни институции кои, во соработка со студентите, придонесувале за развојот на Википедија на македонски јазик и пред потпишувањето на меморандумот. Тешко може да се утврди до која мера потпишувањето на меморандумот влијаело врз ангажманот на овој и друг наставен универзитетски кадар, но секако, се надеваме дека во иднина, проектот на МИО, кој опфаќа повеќе државни и приватни институции, ќе биде успешен и ќе даде повеќе резултати.

На крајот, би сакале да потенцираме дека Википедија е проект со глобални димензии и претставува слободна енциклопедија која може да ја уредува секој, и во таа насока, како Викимедија Македонија, ги поддржуваме и охрабруваме сите поединечни и институционални иницијативи за унапредување на слободното знаење.

Со почит,
Викимедија Македонија
03. 05. 2011

7 коментари на “Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE

  1. Sto gi fatija za laga gi fatija nego za fontovite ne ste vo pravo zatoa sto ne treba da komentirate negativno koga ne ste svesni ni za sto se raboti, na kratko, fontovite se prvi fontovi na Makednoski jazik sto gi sodrat site bukvi pravilno po Makednoskata azbuka, bukarskite i ruskite bukvi se izvadeni vi teknue na italik koga ke si go napi[ete imeto na primer тетка kako vi izgleda toa т-to, znaci instaliraj gi fontovite i zacuvaj si go jazikot. Bravo za fontovite.

    1. е не се први фонтови со македонска поддршка! :)) ама меѓу првите (10? за помасовна употреба), може така да се каже…

  2. Ех пријателе колку работи ние усвари не знаеме не би ме чудело средно име на пола да им е њутон,тесла или незнам веке кој. Не ме секира делот кој они го навеле во случајов мк фонтови него баш онаа другата ситуација ме плаши што стварно има овци не сите ама по ова што го читам мнозинството ите како. Ти препорачувам да си купиш розевки наочари па тогаш читај го ОШТЕТОТ.

  3. Статијата под тоа – Изработени првите кирилични фонтови !?!?!? Абе овие и електричната енергија да не ја измислија ? Дали стварно мислат оти сите граѓани се овци и ќе веруват на ова или и тие самите мислат оти измислиле топла вода ? Бог да чува од недоучени и неписмени

  4. Јас коси корнам, како можеле бе така, ги фатија во лага, аргументирано.

    Сишо Курто попео се Мурто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии