Викенд гејминг попусти #1

Kои попусти и бесплатни игри треба да го одбележат вашиот гејминг викенд? Добредојдовте во најновиот извештај за економично пазарење игри, 1 издание!

Assassin’s Creed Chronicles: China е бесплатна на Ubi Store за време на нивната најнова распродажба. Играта фрла феноменална перспектива на долгогодишниот серијал и од петни жили ја препорачуваме, дури и на гејмерите кои не се фан на овој серијал. Преземете ја тука!

До 4 февруари, можете да се претплатите на еден месец Origin Access Basic за само едно евро. За тие шеесетина денари, можете да играте цел месец некоја од понудените 172 игри, како и да добиете 10% дополнителен попуст на што било од продавницата, вклучувајќи ги и најновите игри.

Од тука, можеби не е лошо да се упатите на Epic Store и бесплатно да си преземете колекцијата од игри кои се интересни само доколку имате пријатели. По Jackbox Party Pack, следи Axiom Verge, но тоа е тема за некој друг викенд.

Hitman: Absolution е бесплатна на GameSessions! Сè што треба да направите е да ја играте пет минути. Потоа, играта станува засекогаш ваша!

Пакети од игри:

Најновиот пакет на Indie Gala им се вика Virtual Reality XXXVII Bundle, но првенствено се препорачува за уживателите во виртуелната реалност. Останатите би можеле да го насочат вниманието на Friday Special, или на Action-Fu пакетот од игри. Повозрасната публика би наишла и на уште еден пакет.

Од Indie Gala, скокнете до Fanatical и проверете дали игрите во Reaper Bundle би можеле да ве заинтригираат. Доколку сеуште не сте ја пробале Tomb of Annihilation, Immortal Redneck, Renowned Explorers, или Payday 2, знајте дека навистина пропуштате феноменални гејминг сесии. За двојно помалку пари, односно за 150 денари, би можеле да си се почестите со Onslaught Bundle, или пак со Raining Bullets Bundle. На носталгичарите, дефинитивно им го препорачуваме вториот пакет, особено играта Metal Slug 3. Има уште пакети, дознајте ги сите тука!

Humble Bundle вреди да се посети, барем само за да се види која игра се отклучува со најновиот месечен пакет, а, веќе кога сте таму, мало потсетување дека Caffeine Bundle има интересни игри за исполнителен викенд, а и интересно е тоа што излезе првиот пакет со PS4 игри. За тоа дали и како можете да ги играте игрите, оставаме на вас да дознаете. Официјално, таквите игри можат да се играат само доколку се наоѓате во некоја од следниве земји.

Распродажби на продавници:

Која продавница и да посетите, шансите се дека ќе налетате на некаква распродажба. GOG продава игри кои одработуваат најразличи теми со магии. Ubisoft ја имаат нивната Lunar New Year Sale, a и WinGameStore немаа скромна понуда. И Green Man Gaming нуди еден куп игри по цена од околу 150 денари. Steam, од друга страна, подготвува огромна распродажба од 4.февруари, но моментно можете да најдете попусти на Dirt игрите, Soul Calibur, и Divinity 2.

Што ќе купите? Дали би сакале секој петок да ве информираме со бесплатни или евтини игри? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии