Виетнамски хакери тврдат дека веќе ја пробиле Face ID заштитата на iPhone X

Дејан Соколоски

во Мобилни

Image courtesy of Bkav

Виeтнамски хакери презентираа метод кој овозможува пробивање на Face ID заштитата на најновиот iPhone X. Не станува збор единствено за софистицирана техногија која се користи, туку за отклучување се користи и специјално изработена маска.

Ова можеби и немаше да биде проблем доколу претходно Apple не тврдеше дека телефоните нема да може да се отклучат со маски. Безбедносните експерти од Bkav успеја со маска од половина лице да го отклучат телефонот. Силиконската маска, заедно со шминка и неколку дупки е и повеќе од доволна за пробивање на заштитата.

Тимот на Bkav успешно ги лоцираше деловите од лицето на кои FaceID им посветува повеќе внимание. Делот околу носот, очите, устата се деловите од ликот кои ги користи Face ID за идентификација. Потребен е половина лик, тврди тимот кој успеја да ја надмине заштитата.

Една од работите кои мора да се земат предвид е дека сепак, засега истиот хак не е рекреиран од независни експерти.

Дури и вака хакирањето на телефонот не е едноставно. Цената на маската е 150 долари, и иако не е тешко да се отпечати со 3д-принтер сепак е потребен 3д-модел. За креирањето на 3д моделот се потребни или специфичен паметен телефон или 3д скенер. Скенирањето трае неколку секунди, иако за изработка на маската од видеото беше потребно 5 минутно скенирање.

 „Се е многу поедноставно отколку што мислите. Може да пробате со вашиот iPhone X, телефонот ќе ве препознае и ако скриете половина од лицето. Ова значи дека механизмот не е рестриктивен колку што сметате, Apple и премногу доверба му укажува на Face ID. Потребен ви е половина лик за да ја креирате маската“, велат од Bkav.

Експертите на Bkav започна да ја разгледуваат технологијата уште од 5 ноември, кога и го добиле телефонот.

Обичните корисници можат да останат мирни, експертите кои ја пробија заштитата сметаат дека веројатна цел на нападите се милионери, лидерите на компании и светски водачи.

Bkav има искуство со пробивање на заштита со препознавање на ликови. Пред околу 10 години компанијата успеа да ја пробие заштитата на неколу производители на лаптопи со фотографии, јави Wired.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии