ВидиВака прослави 500 видеа, што е следно?

Види Вака е медиум кој ги носи актуелните вести од секојдневието на место каде денешната младина поминува највеќе време, социјалните мрежи. Види Вака се појави во 2016 година и тогаш имавме шанса на самиот почеток да дознаеме нешто повеќе за нив и за идејата позади оваа платформа, па така и денес, кога одбележуваат 500 видеа, дознаваме што е следно за Види Вака.

“Види Вака e медиум кој функционира исклучиво на социјалните мрежи, но за скоро сите видео приказни ќе можат лесно и брзо да се погледнат и на www.vidivaka.mk кој до сега служеше само да се пренасочи нашата публика на една од сметките на социјалните мрежи. Од содржински аспект во иднина планираме да изработуваме видеа во подолг формат за разлика од досегашните, веќе препознатливи, кратки видео приказни. Со видеата во подолг формат планираме да ги разработуваме темите подлабински и подетелно. Досега експериментиравме со два документарни записи од кои едниот со наслов „Собирачи” ја освои наградата „Гласник на невидливите”. “- кажа Мите Кузевски.

Од самиот почеток, па до денес имавме шанса да погледнеме видеа на многу различни теми, кои би ги издвоиле како топ 5 видеа?

Топ 5 видеа се:

  1. Андреј плива веќе 15 години, но не го слуша звукот на водата
  2. Сонот на Селдо е да ја претставува Македонија на Олимписки игри
  3. Дали Талат Џафери е нај несекојдневниот претседател на собранието?
  4. 22 години од смртта на доајенот на театарската уметност Петре Прличко
  5. Пратениците земаат 3.5 до 4.5 пати поголеми плати од просечните

А, како најпопуларни?

Најпопуларна анимација: Дали некогаш сте сѐ прашале себеси за што се и е потребен попис на население на една држава?

Најпопуларен документарен филм: Собирачи – Сите фрлаат, малкумина собираат. Каков е животот на собирачите на пластика.

За овој документарен филм, ВидиВака ја доби наградата „Гласник на невидливите“

Доколку сакате да предложите тема или да испратите видео, може слободно ги контактирате ВидиВака на некој од нивните профили на социјалните мрежи:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии