Виџети пристигнаа во Мој Воздух

Една од најпопуларните македонски апликации, Мој Воздух има супер нова функционалност. Корисниците на Android верзијата на апликацијата со новата надградба можат на својот екран да постават виџет кој ќе ги јавува актуелните податоци за квалитетот на воздух. Тестовите за виџетите започаа на почетокот на неделата, и веќе се достапни за сите корисници.

Виџетите се супер едноставни и супер информативни. Со едно „сликиче“ на екранот на телефонот ви кажуваат сосем доволно за квалитетот на воздухот. Виџетите го покажуваат квалитетот на воздухот за одредена локација, а одбирањето на местото треба да го направите самите.

Како да поставите виџет во Мој Воздух

Најпрво треба да ја надградите апликацијата Air Quality на последната верзија. Потоа со подолго држење на празно место на екранот почекајте да се отвори менито за управување со оперативниот систем. Пронајдете каде е опцијата за „Widget“ и одберете и извлечете го виџетот на Air Quality. Веднаш ќе забележите дека иако е поставен виџетот е неактивен и на него стои порака „Click for setup“. Причината за ова е што не сме избрале локација за местото кое не интересира. Селектирањето и нагодувањето е едноставно и се прави со притискање врз виџетот и одбирање на сензорот кој сакате да го следите. Ако сакате да следите повеќе сензори може да го направите и ова, со додавање на нов виџет.

Корисниците на iOS засега ќе треба да почекаат за оваа функционалност, но Горјан Јовановски во пост на Facebook веќе најави дека доаѓа наскоро на iOS 14.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии