Министерот за здравство Арбен Таравари, преку апликации до директна комуникација со граѓаните

Министерот за здравство Арбен Таравари сака на подиректен начин да го слушне гласот на граѓаните. Наместо на друштвените мрежи, граѓаните можат да контактираат со министерот преку WhatsApp и Viber на телефонскиот број 071 349 999.

Со проектот #ЗдравоТаравари корисниците на медицински услуги ќе можат да се обратат директно до министерот,  а целта на проектот e граѓаните да ги споделат личните искуства, критики, жалби, обиди за корупција и предлози директно до министерот.

„Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство. Комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку Viber и Whatsapp, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349999“, вели г. Таравари.

Апликациите се погодни за пријавувањето на корупција и нерегуларност. Сепак се чини дека друштвените мрежи се подобри за споделување идеи и предлози. Вака за дел од предлозите ќе биде овозможена дискусија од јавноста.

Настрана од оние кои ќе испраќаат вулгарни или пораки за кои сметаат дека се забавни и чии броеви можат да бидат блокирани, решението е проблематично. Дури и граѓаните кои се добронамерни ќе го затрупаат телефонот со сопствените здравствени проблеми. Секако ова не значи дека министерот треба да биде глув на зборовите на критиките и мислењата и граѓаните.

Проблемите на здравствениот систем треба да се решаваат системски, а не единствен спас за пациентите да биде повик до министерот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии